Радио Милева

„Како воз да те лупнал“: Сергеј Варошлија со модни критики до Јелена Спенџарска (видео)

„Како воз да те лупнал“: Сергеј Варошлија со модни критики до Јелена Спенџарска (видео)

Во емисијата „Мода“ со Сергеј Варошлија постојано може да слушнеме критики за модните комбинации на познатите личности.

Овој пат на мета се најде и водителката Јелена Спенџарска за која Сергеј упати жестоки модни критики.

„Ова не е добро. Ниту е добро, ниту е модно. Зошто мора да сте во некој чудна поза, како да ве лупнал воз, па да ве наместиле привремено за сликање и да сте укочени. Манекенка да будем со чудно накршен кук. Вака не позираат манекенките“ изјави Варошлија.

Тој истакна дека познтатите личности мора да ги прифатат критиките затоа што се дел од јавниот свет.

Сергеј покрај што упати модни критики на Спенџарска, тој и даде неколку совети како да го промени изгледот.

„Јас ќе предложам што да направиш со косата. Ова за тебе ќе биде одлично решение и немој да се вадиш на моментот дека имаш ниско чело и дека шишки нема да ти стојат и дека фризерки ти рекле дека нема да ти стои. Шишките мора да ти се исечени во линија каде што завршува веѓата, пеглана коса, никако локни“ посоветува модниот критичар.

foto: printscreen/youtube

Кога се однесува до шминката тој исто така и даде неколку совети на македонската водителка и блогерка.

„Вака ќе ти ги шминкаат очите, природни и нема да сакаш да правиш мачкасти очи. На устата немој ништо да ставаш или ќе ставиш малку сјај или ќе ставиш природна боја на кармин“ вели Сергеј.

Јелена не се огласи по овие модни критики, а дали ќе го послуша Варошлија останува да видиме.

To top