Радио Милева Значењето го знае само таа

И Мелита како Ана Николиќ се одлучи во еден ден да стави две тетоважи (фото)

И Мелита како Ана Николиќ се одлучи во еден ден да стави две тетоважи (фото)

Откако Тамара Тодевска го истетовира делот на македонската химна кој не го испеа, некако кај познатите работата како да тргна се почесто да бидат во тату студио и да си направат некоја тетоважа.

На Панчо Шорти му се исполни сонот Македонија да игра фудбал на Европско, па и тој ги тетовираше имињата на македонскиот тим на позадина од македонското знаме. Но, Панчо е еден од оние Македонци кои може да се каже дека имаат најголем број тетоважи на себе.

фото:мелита ракиќевиќ/инсатграм

Велат дека оние што еднаш се тетовираат, никогаш не застануваат со една тетоважа, а во таа група се приклучи и Мелита Ракиќевиќ, која пак како и српската пејачка Ана Николиќ реши да направи две тетоважи на едно одење кај тату артист.

фото:мелита ракиќевиќ/инсатграм

Таа на својот Инстаграм се пофали дека направила не една, туку две тетоважи одеднаш. Едната на раката е со два профили украсени со листови и цветчиња, додека другата се веројатно нејзините иницијали кои се реши да ги стави на вратот.

фото:мелита ракиќевиќ/инсатграм

Тетоважите отсекогаш биле во тренд, но периодов очигледно станаа ултра актуелни.

To top