Поминаа седум години откако Горан Алачки и Адријана повеќе не се заедно и ставија крај на бракот од кој имаат две деца и едно внуче.
Македонија е доста посмирена кога се во прашање разводите и брачните бури за разлика од оние на познатите во регионот, но ете и кај нас некогаш се случува нешто да отскокне на оваа тема.
View this post on Instagram
Имено, во медиумите ТВ водителката и пејачка Адријна е позната како Алачки, а пак нејиниот екс –сопруг Горан одлучи да открие дека тоа воопшто не му се допаѓа, а Адријана го користи презимето за медиумска популарност. Тој во изјава за Свет Австралија вели:
“Презимето АЛАЧКИ не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме. Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била АЛАЧКИ туку АЛАЧКА во сите исправи и во пасош”…Ви благодарам!
Дали Адријана ќе му возврати на поранешниот сопруг со свој став, останува да видиме.