Кога Драган Величковски – Тајзи го објави синглот „Омилена“ и спотот за истата, во кој главната улога и припадна на убавата штипјанка Марија Јовева (22).
Веруваме дека доколку не ја познавате, сигурно би помислиле дека девојката потекнува од некоја егзотична земја, но не и од Штип.
Токму поради нејзината уникатна појава и светска убавина која освојува на прв поглед, не е чудно што би го помислиле тоа.
Имено, Марија на социјалните мрежи е попозната како Марис Џолин.
Освен во видео спотови, таа досега се појавила во улога на модел за наши познати дизајнерски имиња.
Освен тоа што има неверојатна моќ за трансформација, Марис е талентиран фотограф која е заљубена во фотографирањето, а исто така е студент на Архитектонскиот факултет.
Инаку, таа самата е во постојана љубов со фотообјективот.
Поврзаноста е обострана, па и објективот и тоа како ја сака нејзината маркантна појава.
Во продолжение погледнете дел од нејзините фотографии кога оваа убаво македонско девојче е пред објективот.
Фото: Инстаграм принтскрин/marysejolene/Далибор Толевски/Стефан Соколовски/Дамјан Крстевски