ТВ презентерката Татјана Стојановска на својот Фејсбук профил реагираше со статус во кој ја опиша ситуацијата која и се случила на паркинг на скопскиот аеродром.
Таа на своите пријатели и следбеници им порача да си ги отворат очите кога ја користат услугата „hug and fly“, која на корисниците им овозможува 1о минути задржување.
До кога вака!? Синоќа на скопскиот аеродром влегов на лентата за возила „hug and fly“ која овозможува да се задржиш 10 минути пред зградата на аеродромот. Но кога го видов времето кое го отчука апаратот на картичката, цели 5 минути беше порано. Што значи реално можев да се задржам само 5 минути, а не 10. Секако не сакав да ризикувам и да останам уште пет минути за да не се доведам во ситуација на излез апаратот да е во реално време. И така си излегов и се паркирав на регуларниот пакринг каде за еден час е 80 денари, а тие 5 минути ќе ми завршеа работа. Значи за 5 минути морав да платам 80 денари. Па зошто тогаш сте ставиле ТАВ можност за „hug and fly“ од 10 минути кога го лажирате времето и реално се 5 минути? Ако останеш повеќе од 10 минути плаќаш казна од 500 денари. Гледајте го времето на картичката кога сте влегле да не се изгорите со 500 денари, пишува Татјана по што следеа доста коментари и од оние кои имале слично искуство.