Откако никој жив освен најблиските со години не знаеа и се прашуваа што се случува со некогаш големата македонска рап ѕвезда Врчак, која преку ноќ исчезна од естрадната сцена и со години го немаше, веста дека Ламбе Алабакоски и Раде Врчаковски заедни застанале на сцена на една приватна свадбена забава во Охрид и испеале песна во дует ги воодушеви сите. И присутните на свадбата и јавноста.
Јавноста пак едвај со душа дочека по долгата пауза Врчак одново да го види на сцена, кој заедно со Ламбе овој пат ја испејаа песната „Спасете ме другари“ која ја снимија заедно во далечната 2006 година.
View this post on Instagram
И самиот Ламбе Алабакоски видеото го сподели на својот Инстаграми воодушевено напиша: „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже, вчера тоа ми се потврди ! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“ – објави Алабакоски, а медиумите цитирајќи го, тоа го пренесоа.
И кога сите помислија дека Врчак конечно се враќа на сцената, Врчак како Врчак… Најпрвин „ги искара“ новинарите за нивните објави, а потоа повторно ги стави јавноста и своите обожаватели во недоумица: Се враќа или сепак не се враќа на сцената?
Имено, Раде Врчаковски на својот Фејсбук профил споделил соопштение во кое „малку ги подгрева, малку ги убива“ надежите дека повторно ќе го гледаме.
„Bрчак и Ламбе на приватна прослава. Преку 500 000 гледаност имало на видеата за неколку дена (Ламбе среќен неможе да престане да се чуди), а се испонапишале новинари за таа вечер (души мили) без јас нешто да изјавам…. Да знаат сите дека таа вечер на инсистирања на другари и другарки сосема случајно и непланирано јас излегов една-две песни да испеам на приватна прославава кај мој многу добар другар (не се работи за никаков мој камбек како што излегло од новинари), а на среќа на сите обожаватели и обожавателки кој секој ден ме молат нови песни да правам – ЌЕ ИМА НОВИ ПЕСНИ! Снимивме одлични нови со ДНК, со Антониа Гиговска, со Барбара Попович ќе снимаме исто, има и други соработки, а и Ламбе утредента по прославата во Охрид ме замоли да снимаме песна (му велам ако не пали веќе огнови може и Ламбе се согласи… И ќе снимаме песна и со Ламбе)“ – споделил меѓудругото Раде. Останатото е во доменот на неговите визии за глобалната грижа за човештвото и директно нема врска со музика и нечија кариера!
Сепак, ден – два подоцна, следната споделна информација и фотографија влева надежи дека Врчак сепак можеби ќе се врати…? Веројатно на инсистирање на колегите и пријателите од музичката фела… Барем според приложената фотографија на која се заедно во студио Врчак, Панчо и Андреј од ДНК и композиторот и продуцент Лазар Цветковски…
Е сега во прашање е нова песна на ДНК, ама дали во неа го има и Врчак? Или само е таму заради дружба и обид после музичка апстиненција „од еден век“ другарите да го „спасат“ и убедат на кам-бек? Веројатно ќе зависи во многу што од неговите „чудни правила“ дали „тајните ангели“ ќе ја завршат својата мисија успешно или Врчак ќе го продолжи својот музички „манастирки сон“… Засега, за него се’ уште „како времето да стои“, како за некоја „заспана убавица“!