Радио Милева новогодишни желби

Рада Манојловиќ: „Во 2022 сакам сите да изгледаат како Станија Добровојевиќ“

Рада Манојловиќ: „Во 2022 сакам сите да изгледаат како Станија Добровојевиќ“

Пејачката Рада Манојловиќ проговори за своите планови за следната година, но и откри зошто во јавност не се појавува со своето момче Харис Берковиќ.

Рада откри по што ќе ја памети 2021 година.

-Јас психички не сум во оваа година веќе 2, 3 месеци. Некако долго ми траеше оваа 2021 година. Ми помина во некои размислувања. Ќе мора нешто да се работи во следната година. Вака нема да може, песни, песни….изјави Рада и проговори за плановите за 2022 година.

-Мислам дека албумот не е добро решение, јас би да објавам една или две песни. Многу повеќе сакам брзи песни, но сакам публиката да ме запознае со некои балади. Мислам дека не ми веруваат. Мислам дека е добро време за дует, мојата желба е да снимам дует со Драгана Мирковиќ, вели Манојловиќ и додава:

-Jaс ги мразам Новите години, родендените, прославите…Тоа ми е катастрофа. Останав во 2014 година и не треба да одам понатаму. Колку и да правам планови за следната година, не ми оди како што треба. Не можам да бидам прецизна кога станува збор за работата, но имам некој план.

Рада проговори и за нејзината врска со Харис.

-Што се однесува до врската, тука е се како што треба. Ние сме заедно од 2016 година, супер ни е, среќни сме. Колку повеќе се криеме, толку ни е поубаво, изјави Рада.

Пејачката откри што посака за 2022 година.

-Во 2022 година на сите им посакувам да изгледаат како Станија Добровојевиќ. Помалку грижи и повеќе верба во Бога, изјави пејачката.

фото: драган кадиќ/инстаграм/рада манојловиќ

Поврзани теми

To top