Со месеци наназад една од главните теми во регионалните медиуми, барем кога станува збор за естрадата е приватниот живот на Тања Савиќ.
Имено, нејзиниот сопруг Душан во април месец и ги зеде синовите на пејачката и ги однесе во Австралија, а дотогаш пејачката ги нема видено наследниците и во јавноста изнесе шокантни детали од бракот со сопругот.
Нејзината колешка Радмила Манојловиќ во интервју за „Скандал“ проговори за Тања и нејзината ситуација.
На прашањето дали е упатена во тоа што се случува со Taња Савиќ, таа вели:
„Да, упатена сум, не ги видов деталите. Ја знам суштината, но не коментирам бидејќи ја знам неа и нејзиниот сопруг“.
Го познаваш Душан?
„Да, ама не толку добро, меѓутоа доволно добро за да кажам дека секогаш беше фин со мене и мојата сестра. Дури јас и мојата сестра еднаш бевме кај нив и не можам ништо да кажам“, вели Рада.
На прашањето дали Тања и Душан изгледале како убав пар, Манојловиќ вели:
„Да, се гледаше дека меѓу нив има љубов и хемија и дека децата им се воспитани. Ми е жал кога се распаѓа некое семејството, но не можам да навлегувам во причините. Жал ми е што поминува низ ова“.
Пејачката открива дека по ситуацијата се слушналата и со Тања.
„Да, се допишувавме на Инстаграм. Јас никогаш не сакам да се мешам, само да кажам дека сум тука и ако на некој му треба помош ќе се јави. Јас само ја посоветував околу новинарите, но не сакам да се мешам“, заклучи Манојловиќ.