Рада Манојловиќ е позната како една од најзгодните пејачки на естрадната музичка сцена, а многумина особено ги фалат нејзините тенки, долги, извајани нозе.
Рада е исто така свесна за својот стас, па затоа за време на телевизиските или клупските настапи носи гардероба која дополнително ги истакнува нејзините атрибути.
Меѓутоа, кога таа беше мета на „папарацо објективот“, многумина забележаа дека Манојловиќ страда од вишок на целулит, како и повеќето припаднички на понежнииот пол.
Имено, пејачката се нашла на снимање на едно ТВ-шоу, а камерите во емисија ги снимале нејзините прерстени нозе, во позиција во која малку жени би можеле да се пофалат со целосно отсуство на нерамна кожа во вид на кора од портокал, односно вишок на целулит.
Фото: Инстаграм и ТВ Пинк принтскрин