Пејачката Рада Манојловиќ и дала пет песни на Северина, но не по нејзина желба.
Фолк ѕвездата прва ги сними песните „Бред Пит“, „Град без људи“, „Ко ме терао да те волим слепо“, и уште две песни, но на крајот не ги објави Рада туку нејзината колешка од Хрватска, Северина Којиќ.
Рада вели дека за тоа е виновен Саша Поповиќ.
-Тогаш имав договор со „Гранд продукција“, па Саша Поповиќ преговараше за моите песни. Композиторот Милош Рогановиќ ми даде пет песни и јас ги снимив. Меѓутоа, Поповиќ не се договори со него, не знам дали поради пари или нешто друго, па тој песните ги понуди на Северина. Кога Рогановиќ ми се јави и ми кажа дека ги понудил на Северина плачев како дожд, вели Манојловиќ и додава дека композиторот ја тешел велејќи и дека направил барем еден хит.
-За да ме смири, направи нов хит за мене, песната „Маракана“.
фото: принтскрин/инстаграм/северина/радаманојловиќ