Рада Манојловиќ важи за една од најзгодните пејачки на естрадата, а сега за „Ало“ проговори за естетските корекции.
Како што вели, не сака да претерува, но морала да ги среди брчките на лицето.
„Ставив ботокс на лицето. Тоа морав да го направам бидејќи постојано се смеам, па ми се направи брчки околу усните и челото. Ме правеа да изгледа повозрасно и не бев задоволна. Е сега, и да сакам да сум не сум насмеана нема да можам поради ботоксот“ вели Рада.
Таа вели дека сега за сега ќе стопира со естетските корекции.
„Размислував да ставам силикони и да го средам носот, но се откажав. Доста време поминувам на „Инстаграм“ гледајќи ги тие совршени жени, но заклучив дека се празни, исти, досадни…Немаат нешто по што се разликуваат. Се што е совршено е досадно“ вели Манојловиќ.
Пејачката која важи за една од најзгодните вели дека со текот на годните и е тешко да ја одржи линијата.
„Тешко ми е да ја одржувам линијата кога не тренирам и не пазам што јадам. Нездраво се хранам“ вели пејачката.
Рада вели дека многу работи иако нема снимено нова песна. Таа истакна дека сака да сними дует.
„Сакам дует со Драгана Мирковиќ. Уште пред десет години кога се појавив на естрадата сакам дует со неа. Пред три месеци и пратив порака: „Дали сакаш да снимише дует со мене?“. Јас знам кога сакаш некој да одбиеш,а да изгледа културно, да не го навредиш. Таа ми кажа дека многу сака да сними дует со мене и дека песната мора да биде модерна. Јас би сакал да се вратам во она време „Кроз шљивке и ливаде“ , а Драгана сака нешто модерно. Ги заменивме улогите“ вели Манојловиќ.
Рада не сака да зборува за својот емотивен партнер, но откри дека живее сама.