Пејачката Рада Манојловиќ наводно е многу исплашена поради моменталната состојба со коронавирусот, па ги спакува работите и замина во родното село Четереж со цел да биде што побезбедна и да може да го контролира нејзиниот татко, кој е во ризична возраст за случајно тој да не се зарази.
Пејачката толку се плаши од вирусот што им забрани на татко и на маќеата да ја напуштат куќата. Рада навистина е распаметена од новиот бран на короната, кој е најжесток. Затоа избега од Белград, каде бројот на заразени се зголемува и не се стивнува со денови.
„Се врати да живее во родното село со татко и, сестра и Маја, маќеата и баба и, па се обидува и сите нив некако да ги заштити. Таа дури им забрани на роднините и соседите да доаѓаат на гости или во посета, а само Рада и нејзината сестра одат во набавка на намирници.
Тогаш на себе носат маски, визири и ракавици. Нејзиниот татко се побунил, на човекот му е здодевно да седи дома, но Рада нема да попушти затоа што се плаши за неговиот живот. Таа дури му рекла и ннејзиното момче Харис да седи во Босна и да не оди никаде додека сèто ова не се смири, па тој нема да може да се гледа со пејачкта во наредните недели“ – изјави извор за Стар, а неа ја пренесоа и други српски медиуми.