Радио Милева што и фали на мојата песна „Маракана“

Рада Манојловиќ подготвена да ја претставува Србија на Евровизија: „Одамна го чекам тој повик“

Рада Манојловиќ подготвена да ја претставува Србија на Евровизија: „Одамна го чекам тој повик“

Пејачката Рада Манојловиќ мисли дека на нејзината песна „Маракана“ не може да и парираат многу песни кои оваа година се најдоа на Евровизија.

Рада вели дека посакува да ја претставува Србија на Евросонг.

„Подготвена сум, тоа го чекам одамна. Би прифатила да одам на Евровизија. Од се што слушнавме оваа година, што и фали на мојата песна „Маракана“. Само уште да научам да играм и да “млатим“ со косата, и уште некое движење кое ќе ме надополни и тоа е тоа“, вели пејачката за „Блиц“.

фото: принтскрин/инстаграм/рада манојловиќ

Иако претходните денови во центарот на вниманието беше фронтменот на победничката група на Евровизија, на Рада посебно и го привлече вниманието една од дамите во бендот, Викторија, па на својот Инстаграм сподели нејзина фотографија и напиша долга порака.

Манојловиќ истакна дека е среќна што постојат природни девојки без естетски корекции и истакна дека Викторија би била идеален пример на многумина жени во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RADA MANOJLOVIC (@radamanojlovic)

Пејачката Рада не крие дека е задоволна со настапот на девојките од групата „Хурикејн“ на Евровизија. Таа смета дека биле одлични претставници на Србија.

“Беа супер, секоја чест. Одлично ја претставија Србија“, заклучи пејачката.

To top