Радио Милева
Ролекс и 500 евра на мета...

Рада Манојловиќ ограбена на настап: Арамии и ја виделе чантата полна со кеш и златен часовник, но обезбедувањето ги здогледало нив и… еве како се’ се завршило!

Рада Манојловиќ ограбена на настап:  Арамии и ја виделе чантата полна со кеш и златен часовник, но обезбедувањето ги здогледало нив и… еве како се’ се завршило!

Пејачката Рада Манојловиќ викендов настапувала во еден клуб надвор од Белград, а додека пеела на сцената не била ни свесна дека крадци провалиле во бекстејџот со намера да ја ограбат.

Додека обезбедувањето било околу пејачката за да контролира некој од толпата  да не се качува на сцената, двајца непознати мажи наводно се прикрале во соблекувалната каде што биле работите на Рада.


„Кога Рада пристигна на настапот, се смести во гардеробата на клубот, поправајќи ја шминката и фризурата. Потоа, таа излезе со бендот да пее, и се’ беше како што треба, а работите останаа во просторијата каде што таа претходно престојуваше. Обезбедувањето тргна со неа, тоа е голем клуб и сите гости се следат за да се спречи каков било хаос, но организаторите во брзањето заборавиле да ја заклучат гардеробата. Додека траеше настапот, четири момчиња од обезбедувањето се стрчаа низ клубот. Никој немаше идеја што се случува и ние мислевме дека се работи за тепачка или полициска рација. Рада продолжи да пее, ја направи првата пауза по еден час , кога и рекоа дека двајца мажи се обиделе да ја ограбат“ – вели извор кој бил на лице место.


Според извештаите на медиумите, крадците ја зеле чантата на пејачката од собата и почнале да претураат по гардеробата, а обезбедувањето ги пресретнало на вратата кога тие се упатиле кон излезот.

„Разбојниците видоа дека во чантата има готовина од 500 евра. Тие веројатно не ги ни сметале парите за голем плен кога го виделе скапиот Ролекс од 7.000 евра. Се приближиле  до гардеробата на пејачката и бендот што била закачена за да видат дали има повеќе пари во џебовите, а потоа почнале да бегаат. Обезбедувањето го повикало едно момче кое работи во клубот бидејќи видело како светнал блиц во просторијата која требало да биде заклучена. Обезбедувањето влетало, им ги зело предметите и ги извадија крадците надвор. Потоа, видовме дека дојде и полиција, но забавата продолжи, без да биде прекината. Тие само за време на паузата и соопштија на Рада дека имало обид да ја ограбат.

Се смееше, веќе ја знаеш. Таа само рече: „Добро е што немав повеќе пари во чантата. Ако ми го земеа она што го имав, ќе мораше да ме враќате до дома“ – вели изворот.

Рада за медиумите не сакала да го коментира овој инцидент.

Останати вести од Радио Милева