Радио Милева се налути

Рада Манојловиќ „нападна“ новинар на прашање за коронавирусот и вакцина: „Не сме во судница, не морам ништо да ти одговорам“

Рада Манојловиќ „нападна“ новинар на прашање за коронавирусот и вакцина: „Не сме во судница, не морам ништо да ти одговорам“

На новогодишното снимање на „Гранд“ присуствуваше и Рада Манјоловиќ.

Како што пишуваат медиумите, пејачката се обидела да се сокрие од новинарите, но тоа не и успеало, па морала да им го објасни нејзиниот став за короната и вакцината бидејќи на Твитер е прогласена за антиваксер.

Имено, Рада се обиде да ги оправда своите ставови на Твитер, па влезе во конфликт со еден новинар.

-Што напишав? Сакаш да ги вратиме моите твитови? Каде напишав дека луѓето не треба да се вакцинираат? Тоа што јас не сакам да се вакцинирам како влијае на тебе? Извини, ние не сме во судница, можам и јас тебе да ти поставувам прашања, не морам ништо да ти одговорам. Факт е дека сите го пренесуваат вирусот. Јас не сум антиваксер, само сум против ковид пропусниците бидејќи сите го пренесуваат вирусот, вели Рада.

фото: TANJUG AP/MATT ROURKE, PINK.RS/alo.blic

To top