Радио Милева
ракија за пожртвуваноста

Рада Манојловиќ брзајќи на снимање во „Гранд“ упадна во коприви: „Малер бев, малер си останав“! (ФОТО)

Рада Манојловиќ брзајќи на снимање во „Гранд“ упадна во коприви: „Малер бев, малер си останав“!  (ФОТО)

Рада Манојловиќ имаше лоша среќа пред неколку дена, кога брзајчи да стигне на време на снимање на шоуто во „Гранд продукција“, упадна во коприви и се изжурка.

Популарната пејачка е позната по својата непосредност, а често и по тоа што не е баш многу вешта, нешто што неодамна повторно го докажа. Како и секогаш, Рада беше расположена брзајќи да стигне во студиото на Кошутњак, но кога не најде место за пракинг на својот автомобил, се загрижи. Таа се вртеше неколку пати во круг, а кога конечно здогледа слободен простор за паркинг место, пота кон него…. И влета во некосена трева и коприви!

Рада немаше место толку лесно да излезе од автомобилот, бидејќи немаше многу простор помеѓу автомобилот и копривите. Пејачката некако ја отвори вратата, се извлече и  се обидуваше безбедно да помине, цело време стегагнта провлекувајќи се покрај автомобилот. Но папараците го фатија моментот додека Рада се мачеше, и на крајот сепак не успеа да избега од копривите што пецкаат и горат.

Кога си ги „испече“ нозете, фолкерката се изнервира, па гласно прокоментира:

„Само уште ова ми требаше во ова брзање! Малер бев, малер си останав“ – кажа Рада.

Сепак лутината од пехот кусо и траеше, и штом дразбата од копривите и се потсмири, Рада расположена  им позираше на фоторепортерите како ништо да не случило и покажа дека е вистински професионалец.

„Денес бев воодушевен од фоторепортерите, тие се жртвуваа за мене и ме следеа влегувајќи дури и во копривите. Се чувствувам должна и ветувам дека на следното снимање ќе им донесам домашна ракијата од кај татко ми од село“ – порача Рада.

Фото: Инстаграм принтскрин/radamanojlovic/ATA images

Останати вести од Радио Милева