Пејачката Рада Манојловиќ често знае да се најде на мета на критики поради нејзиниот стајлинг, па многумина ја прозиваат дека не знае да се облече.
Пејачката сега откри што мисли за коментарите на модните експерти и дали воопшто ја погодуваат.
„Јас не се чувствувам како модел кој треба да се прошета, да се врати и тоа да го соблече од себе…Има многу пејачи и пејачки кои совршено се стилизирани, но едноставно само добро се облечени“, вели Рада и откри колку пари троши на шопинг.
„Дури и мразам брендирана облека и кога нешто скапо ќе го платам после тоа се каам затоа што не може да се пере и секогаш нешто му фали. Ќе платиш нешто скапо и после едно перење во машина ќе отпадне се што може да отпадне. Во ред е за некои добри обувки кои треба да ти се удобни. Најудобни обувките ги платив 20,30 евра“, вели пејачката.
Пејачката веќе пет години ужива во врска со Харис Берковиќ, но својот приватен живот го крие од очите на јавноста.
Рада откри како и успева својата интима и приватност да ги зачува за себе.
„Се е како што треба и ние сме познати по тоа што ништо не зборуваме, тоа е наш избор. Премногу не имаше во првите 2,3 години, не не оставаа на мира. Навистина, пишуваа секакви глупости, дека неговите не ме сакаат мене, моите не го сакаат него, а од тоа ништо не беше точно“, вели Манојловиќ за „Гранд онлајн“.
фото: Инстаграм/рада манојловиќ/ата имагес