Во Бања Лука се одржа најголемата „Котлијада“ во регионот, а на настанот пееше и Рада Манојловиќ.
Пејачката се појавила во краток фустан, кој го усогласила со папучи, бидејќи судејќи по видеото, штиклите не доаѓале во предвид.
Имено, на интернет се појави видео на кое се гледа како Рада пее покрај вртелешка за деца, опкружена со луѓе, а околу неа „лета“ прашина.
Тоа не ја спречи пејачката да направи спектакл, а цело време играше со гостите, покажувајќи уште еднаш зошто е девојка од народот.
Kotlicijada Banjaluka 🎤🥁🎺🪗💃🏼 pic.twitter.com/b989eYJe9a
— RADA MANOJLOVIC (@RadaManojlovic_) September 17, 2023
Рада докажа дека може да остане професионалец каде и да настапува, а на коментарите на овој клип на социјалните мрежи не им се гледа крај.
Фото: Принтскрин/Х/Јутјуб