Радио Милева возврати им за да престанат

Рада Манојловиќ била жртва на врсничко насилство: „Добив шлаканици, ме туркаа, за мене осмолетката беше косовски бој“

Рада Манојловиќ била жртва на врсничко насилство: „Добив шлаканици, ме туркаа, за мене осмолетката беше косовски бој“

Рада Манојловиќ отворено призна дека трпела врсничко насилствово основно училиште. Периодот од петто до осмо одделение воопшто не и бил добар бидејќи заедно со другите деца од селото трпела навреди и понижување од учениците кои живееле во градот. Таа дури сега јавно проговори за тоа.

„Основното училиште за мене беше косовски бој, Солунскиот фронткој јас ги преживеав. Тоа ми остана во сеќавање засекогаш“ – изјави Рада во емисијата „Пемиера – викенд специјал“, а потоа продолжи:

„Зборувам за периодот од петто до осмо одделение, кога се преселивме во Жабаре. Бевме група од 6 – 7 деца од селото, па се преселивме во Жабаре, каде што бевме триесетина. Таму добиви  шлаканици, момчињата ме туркаа и ме задеваа. Сите ни се смееја затоа што сме од село. Се облекував скромно, така да се каже. Бевме изолирани од општеството. Ќе играме кошарка, се бира тимот, никој не те бира, остануваш сам и само можеш да гледаш. Секогаш бевме одбивани. Прифатив дека нема сите да ме сакаат, дека секогаш ќе ме туркаат на страна, дека морам да се докажам, да покажам дека вредам. Тоа не беше нешто што се прави со насмевки. Во еден момент почнав физички да се бранам, пресеков… Не бев веќе таа фината, скромна, насмеана личност, туку возвраќаш. Зборуваме за периодот од 10 до 14 години“ – раскажала пејачката и ги советувала сегашните деца. Таа смета дека љубомората и зависта се нешто што ги тера насилниците да ги малтретираат подобрите од себе.

„Луѓето понекогаш ја чувствуваат вашата вредност, конкуренција, убавина, талент, интелигенција, а потоа намерно сакаат да ве отстранат. И да си фин, културен, образован, ќе сакаат да те изедат. Нека им биде ова совет на денешните деца, дека мораат да се бранат“.

На прашањето на Тања Савиќ, која беше со неа во емисијата, дали е паметно да ги советува децата да возвратат, таа одговори дека само кога го направила тоа го оттргнала насилникот од неа.

„Првиот пат кога  возвратив, турнав момче кое удри во еден столб, па речиси го осакатив, никогаш повеќе не ме ни погледна, а ме малтретираше цели три години“ – резимираше Рада.

Фото: Инстаграм/radamanojlovic

To top