Пред неколку дена веста дека Рада Манојловиќ има ново момче се рашири во српските медиуми, а таа сепак ги демантираше наводите и откри дека тоа е нејзиниот возач и добар пријател.
Сепак, насловите за наводната врска со разведениот маж продолжија да ги преплавуваат порталите, што ја налути Рада, која реши повеќе да не одговара на прашањата за приватниот живот.
– Некои новинари навистина се оддадоа на својата имагинација и покрај мојот демант. Изгледа единствено што ми преостанува е да го следам дејството и понатамошниот заплет на филмот кој го напишаа, а нема врска со мојот живот, како и другите. Верувам дека е интересно, но некои насловите се навистина одвратни со многу груба конотација и лоша намера. Нема веќе да коментирам на оваа тема, па ако ме чекате на аеродром, не чекате ништо. Што ќе ти направат моите изјави кога самиот ќе исценираш што сакаш?- рече Манојловиќ и додаде:
View this post on Instagram
– Исто така, веќе ништо не признавам, ниту демантирам, ниту објаснувам. Не е ничија работа дали и кого имам во мојот живот. Бев навистина повеќе од добра и искрена сите овие години, што мислам дека навистина не се исплатеше… убаво кажав, ќе знаеш кога ќе се случи свадбата. Мислам дека е фер – напиша Рада која истакна дека отсега ќе зборува само за нејзините песни и албумот на кој неизмерно се радува, како и за своите фанови кои со нетрпение го очекуваат, пишува Гранд нова. рс
фото:Instagram printscreen/ radamanojlovic