Поради пандемијата со коронавирусот која владее во светот, познатите се во финасиска загуба бидејќи немаат настапи, а сега за тоа проговорија и нивните менаџери.
Тие откриваат колку пари ќе загубат одредени пејачи.
„Настапите во странство и понатаму се под знак прашалник затоа што се уште не е донесена уредба со која тоа би се регулирало. Кога станува збор за собирање, Австрија ќе биде затворена до 1 август, а според некои најави, Германија нема да биде отворена до крајот на годината“ вели естрадниот менаџер Горан Лечич за ало.рс
„За летната сезона најважно ни е да ги отворат клубовите во Србија, Босна и Црна Гора. Јасно е дека пејачите кои имаат скапи настапи нема да имаат работа. Така ќе биде се додека сопствениците на клубовите не застанат на свои нозе, тоа не значи дека најплатените пејачи ќе мора да ги спуштат своите цени. Тешко е да се одреди загубата затоа што постојат пејачи кои заработуваат од 10 000 до 20 000 евра за викенд, а постојат и оние кои заработуваат од 1 000 до 2 000 евра“, додава менаџерот.
Со Лечиќ се согласи и неговиот пријател Бор Лалевиќ.
„Ситуацијата е таква што може само да нагодуваме кога ќе се почне со работа. Она што сигурност можам да кажам дека цената на настапите нема да зависи од менаџерите и сопствениците на клубовите, туку од посетноста и атмосферата. Неблагадарно е да зборуваме за заработка, пари“ вели Лалевиќ.
Како што се наведува, Ѓани за четири месеци губи околу 240 000 евра, Рада Манојловиќ 160 000 евра, Дара Бубамара е во загуба 128 000 евра, а раперот Вук Моб за четири месеци ќе изгуби 112 000 евра.