Музичарот Един Осмиќ, попознат како Едо Мајка, како и неговите колеги, чека подобри времиња за да ја продолжи својата музичка кариера, бидејќи сè запре поради пандемијата на коронавирусот.
Едо Мајка рече дека заработувал пари како готвач претходните месеци, но дека локалот во кој работел бил затворен.
– Работев како готвач некое време, но и тоа затвори. Имам одржано работилници за креативно пишување и музика, имам неколку корисни вештини за овие луди времиња. Сега планирам да започнам подкаст, се надевам до крајот на оваа година, кој ќе се занимава со музика, психологија, луѓе, сите и сè и се надевам дека ќе излезе нешто добро кога станува збор за тој подкаст. Искрено, не сум фокусиран на себе, туку на луѓето околу мене, кои се во многу полоша состојба од мене и така ми е полесно – рече раперот за порталот „Дневни аваз“.
View this post on Instagram
Како што изјави, тој исто така започнал со хуманитарна работа, а покрај тоа слободното време го поминува со сопругата Лила и ќерката Јасмин.
– Во мојата музичка кариера, апсолутно ништо не се случува, стагнира како, повеќе или помалку, сè во музиката. Нема концерти, нема студио, има само лесна снимка на идеи што ќе чекаат некои подобри денови и совладување на некои аналогни машини што ги купив пред неколку месеци – додаде Едо во споменатото интервју.