Со него вели дека и се случила љубов на прв поглед, а и кому не би му се случила…? Тоа е речиси невозможно.
Се вели дека жените прават промени на себе кога им се случува нешто ново во животот, а на Викторија Лоба навистина и се случи, па премина во акција.
Убавата пејачка со ангелско лице на социјалните мрежи се пофали со скратената фризура во нежна розова нијанса, но и со најважното – новиот Мерцедес А класа.
Црвеното „мече“ пристигна специјално да го вози Лоба, откако таа пред неколку недели се појави и на неговата официјална македонска промоција, а потоа и го повози низ град давајќи му гласовни команди.

Лоба очигледно зтана новото заштитно лице од Македонија за овој реномиран бренд кој одлично и прилега.
„Дојди со мене да те повозам“, пееше Лоба во својата песна, а кој би сакал со неа да не се повози?