Радио Милева
нема среќа во љубовта

Пукна тиквата: Раскинаа Милица Павловиќ и Николас Савељиќ – „секси сењорита“ е повторно „сингл“?

Пукна тиквата: Раскинаа Милица Павловиќ и Николас  Савељиќ – „секси сењорита“ е повторно „сингл“?

По една година љубов, наводно завршила врската помеѓу пејачката Милица Павловиќ и црногорскиот ватерполист Николас Савељиќ, син на познатиот фудбалер Ниш Савељиќ.

Како што тврди извор, главна причина за нивното раскинување е разделеноста.

„Милица и Николас се немат видено три месеци односно откако тој се врати во Америка да ги продолжи студиите. Последен пат тие беа заедно на крајот на јуни, за време на летниот одмор во Хрватска, каде поминаа неколку романтични денови. Набргу потоа, Никола отиде во Америка, а Милица отиде на турнеја низ Црна Гора, што значително влијаеше врз нивната љубов – вели извор во „Телеграф“.

– Токму оваа разделба влијаеше да се оладат нивните емоции, поради што тие одлучија да стават крај на нивната врска неколку дена пред нејзиниот роденден – заклучува изворот.

Павловиќ не се огласи по повод овие пишувања.

фото: инстаграм/милица павловиќ/николас савељиќ

Останати вести од Радио Милева