Победничката на „Задруга 2“, Луна Ѓогани во втората сезона на реалното шоу започна врска со учесникот Марко Миљковиќ. Луна и Марко нивната љубовна врска ја започнаа во јануари оваа година, но еден ден пред да заврши реалното шоу тие раскинаа.
Меѓутоа, набргу по заавршувањето на шоуто, Марко и Луна ја обновија својата врска и повторно беа заедно. Во медиумите се пишуваше дека парот се подготвува за свадба, па се одеше дотаму што некои српски медиуми пишуваа дека наводно пејачката е бремена.
Меѓутоа, наместо свадба и тапани, пукна тиквата. Имено, како што пишуваат регионалните медиуми Луна и Марко ја раскинале неколкумесечната врска.
Марко на својот „Инстаграм“ ги избриша сите фотографии со Луна, а исто така преку социјалните мрежи го потврди раскинувањето.
„Да, точно е, раскинавме. Чувствувам потреба ова јавно да го кажам бидејќи нашата врска започна јавно. Вака е најдобро за двајцата“ напиша Марко и ја означи Луна во објавата.
Ѓогани засега не се огласи по овој повод, туку само го најави својот следен настап.