Раперот АСАП Роки е фатен како ја изневерува Ријана со дизајнерката за облека на Фенти, Амина Муади, а Ријана наводно ја раскинала нивната врска.
Раперот и дизајнерката се познаваат уште од претходно, кога соработувале на колеција на чевли.
Кружат и гласини дека Ријана, на која ѝ е скршено срцето, исто така престанала да ја следи и Амина на Инстаграм, додека пред само три месеци јавноста дозна дека суперѕвездата го очекува своето прво дете со АСАП Роки.
View this post on Instagram
Ријана и АСАП Роки наводно почнале да се забавуваат приватно, пред првпат да се појават заедно во јавноста, во летото 2020 година, наведуваат странските медиуми.
View this post on Instagram
Во јуни 2021 година, АСАП дал изјава за медиумите дека тие двајца се забавуваат, а Ријана тогаш го нарекла ‘љубовта на нејзиниот живот’.
фото:Твитер/Инстаграм/Ријана