Радио Милева

Пукна тиквата: По 13 – годишна врска пејачката Ирена Спасовска се раздели од момчето!

Пукна тиквата: По 13 – годишна врска пејачката Ирена Спасовска се раздели од момчето!

Естрадно –новинарската двојка, Ирена Спасовска и нејзиното момче Орце Гелевски се разделија по 13 годишна врска и ставија крај на нивниот заеднички живот.

И претходно се пишуваше дека тие не се заедно, сепак тогаш беа само шпекулации.

-Заедно сме јас и Ирена, и не гледам никакви проблеми во нашата врска. Значи, не раскинавме! А, интимноста е мое право дали сакам или не со неа да бидам присутен во јавноста. Всушност, прашајте ја и Ирена дали сака да ви кажува за нашата приватност, изјави Орце во една прилика.

фото: вечерпресс

Меѓутоа, сега навистина се разделиле и одлучиле да стават крај на заедничкиот живот. Пред десетина дена Орце се иселил од станот, а двајцата потврдија  дека раскинале.

-Да точно е дека се разделивме. За причините прашајте ја неа. Јас  нема што друго да кажам.  Мајка ми има проблем со здравјето и со неа деновиве сум по болници, вели Орце, изјави новинарот за порталот 7дена.

Како причина за нивното раскинување се наведува дека Ирена имала дручо момче, музичарот Амети Мухамедали- Мухи..

Меѓутоа, пејачката ја негираше оваа информација и истакана дека причината за нивното раскинување се одредени проблеми.

„-Да имавме некои одредени проблеми и затоа сметавме дека најдобро решение е разделбата. Немам друго момче, изјави пејачката.

фото: Фејсбук

Додека пак Мухи не бил расположен за коментари.

Дали разделбата меѓу Ирена и Орце е дефинитивна или можеби повторно ќе најдат заеднички јазик времето ќе покаже.

Иако 13 години живееја под ист покрив, сепак не ставија потпис и никогаш не стапија во брак.

To top