Некогашната победничката на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Милица Тодоровиќ беше во петгодишна врска со кореографот Милош Пауновиќ.
Иако често се пишуваше дека парот планира венчавка и наскоро ќе стапне на „луд камен“, српските медиуми пишуваат дека тие ја прекинале врската и не живеат повеќе заедно.
Парот веќе два месеци не е во врска, а пејачката го замолила Милош да се исели од станот додека таа е на турнеја.
ПР службата на Милица потврдила дека раскинале, а како причина се наведува различните мислења за иднината.
Милица последна заедничка фотографија со Милош ја објави во мај оваа година.
Милица и Милош беа во врска повеќе од пет години.Пред романсата со Милица, Милош беше во брак со црногорската пејачка Андреа Демировиќ со која има син, а нивниот развод траеше неколку месеци.
Погледајте ову објаву у апликацији Instagram
За потсетување, Милош и беше огромна поддршка на Милица во нејзината кариера, па така има режирано и неколку нејзини спотови.