Радио Милева

Пукна тиквата: „Дупер“ ја исфрлија Мартина, а Авалон продукција им го раскина договорот!

Пукна тиквата: „Дупер“ ја исфрлија Мартина, а Авалон продукција им го раскина договорот!

Со песната „Не сум твој тип“, групата „Дупер“ инстантно се проби на  македонската музичка сцена како освежување и поразлични од останатите. Потоа следеа и успешните „Тело на за ТВ“ и „Ние сме 2“. Не требаше да помине многу време за зад нив да застане „Авалон“ продукција.

Но, во нивниот случај излезе дека „убавото кратко трае“, а тие „не се нејзин тип“!

Имено, сопственикот на „Авалон“, Бобан Милошевски на својот Фејсбук профил откри дека продукцијата го раскинала договорот со групата поради тоа што момците и дале отказ на Мартина.

фото:инсатграм/дупер

-Почитувани, поради тоа што едниот од машките членови на групата „Дупер“ и даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член…од според мене најпатетична можна прилина, Авалон продукција до раскина договорот со младите момци. Од мене толку. – пишува Милошевски.

За потсетување, Илчо Нечовски е вокал и свири бас-гитара, додека Борис Какуринов, гитара и клавир. Мартина пак, свири тапани. Пред извесно време во медиумите се појавија гласини дека Мартина е во љубовна врска со еден од момците, а дали беше вистина, а наедно и причина за ваквиот брз „распад“, останува да видиме…

To top