Пејачката Андреана Чекиќ наводно на одмор физички се пресметала со својот сега веќе поранешен свршеник Марко Милошевиќ, пишуваат српските медиуми.
Имено, пејачката и нејзиното момче жестоко се скарале во ресторан во кој биле и Александра Пријовиќ и Урош Живковиќ, а кавгата продолжила во апартманот каде што дошло и до физичка пресметка меѓу партнерите, пишува курир.рс
Врската меѓу Андреана и Марко од самиот почеток беше турбулентна, па не е ни чудно што и овојпат се скараа и раскинаа.
Првите неколку дена на одмор се било во најдобар ред, но во текот на една вечер настанал конфликт па на нив не им било гајле што имало и други луѓе во ресторанот.
Бидејќи биле на одмор и немало каде да одат, по кавгата тие останале заедно во апартманот, а утредента се вратиле во Белград.
По враќањето, одлучиле секој да продолжи по својот пат, го прекинале секој контакт, па дури и профисионалниот, тврди колега на Андреана.
Марко беше менаџер на Андреана, таа му дала отказ и го ангажирала Ибро Шариќ кој е задолжен за нејзината турнеја по Америка.
На Инстаграм профилот на Чекиќ сега пишува дека нејзин менаџер е Ибро, додека пак Марко работи со Љуба Аличиќ и Сречко Кречар. Иако не не им се избришани заедничките фотографии на Инстаграм, тие повеќе не се следат на оваа социјална мрежа.
По сето ова, пејачката заминала во Виена од каде што често објавува фотографии и снимки, а Марко се иселува од станот каде што живееле заедно.
Марко и Андреана се во врска неколку години, тие и досега неколкупати раскинуваа, па на крајот повторно беа заедно. Дали ќе биде така и во овој случај, останува да видиме.