Јелена Карлеуша и Дара Бубамара долго време биле во кавга, а се смириле пред неколку години, пред концертот на Бубамара во Арената каде што како гостинка дошла Карлеуша.
Сепак, се чини дека повторно не се во најдобри односи, барем судејќи по Инстаграм, од кој пејачките наеднаш се „отследија“.
Сè уште не е познато што би можело да биде причината за расправијата овој пат, но се чини дека на нивното пријателство му дојде крајот.
На социјалните мрежи се крена вистинска полемика за врската на Јелена и Дара, а некои сметаат дека Карлеуша ја налутила неодамнешната изјава на Дара за „Ѕвездите на Гранд“, од кое Карлеуша повеќе не е дел:
– Би ја издвоила Цеца која многу ја сакам и ја поздравувам. Ништо без неа – рекла Дара.
А потоа Светлана Цеца Ражнатовиќ и испрати јасна порака на Дара Бубамара.
– Мојата Дара кралица – напиша фолк дивата.
Цеца на својата приказна на Инстаграм сподели исечок од шоуто, а Јелена наводно потоа ја „отследила“ . Па и Дара го направи истото.
Фото:Принтскрин/Инстаграм