Радио Милева
некогаш беа неразделни

Пукна две децениското пријателство меѓу водителките Сања Маринковиќ и Весна Дедиќ: „Таа одамна не е мој пријател“

Пукна две децениското пријателство меѓу водителките Сања Маринковиќ и Весна Дедиќ: „Таа одамна не е мој пријател“
фото: Никола томиќ

Водителките Сања Маринковиќ и Весна Дедиќ важеа за најдобри пријателки повеќе од две децении, а како што пишуваат српските медиуми тие ставиле крај на нивното долгогодишно пријателство.

Не е позната причината поради која дошло до конфликт меѓу водителките, но се шпекулира дека Сања неколку пати ја повредила својата пријателка и колешка Весна, пишува Блиц.рс

фото: Инстаграм

„Од декември 2019 година Весна и Сања се одалечија. Секоја од нив тргна на своја страна. Неколку пати се обидоа да го спасат пријателството, но не им одеше од рака“ вели извор и додава:

„За тоа дека не се во добри односи покажува и тоа што со месеци не ги гледаме заедно на јавни случувања, како и тоа дека од почетокот на претходната година немаат заеднички фотографии на социјалните мрежи. Како што се зборува, до прекинување на пријателството дошло бидејќи Сања со некои постпаки ја повредила Весна“, тврди изворот.

фото: Никола томиќ

Водителката на „Балканска улица“ потврди дека повеќе не е блиска со Сања.

„Точно е дека една година не сме во блиски односи. Не сум државен функционер,па да зборувам за тоа јавно. Меѓутоа, по некои објави на Сања на Инстаграм беше загрозен мојот професионален интегритет, морам јавно да кажам дека Сања Маринковиќ повеќе не е мој пријател“, изјави Дедиќ.

фото: Инстаграм

„Весна и јас бевме блиски колешки од 1996 година, како што се случува да ставовите, размислувањата, интересите, и односите во животот на секој од нас да се променат, така се промени и динамиката на нашиот однос“, изјави Маринковиќ по повод прекинување на пријателството.

Потсетуваме, Весна и Сања освен што беа пријателки имаа и неколку заеднички приватни бизниси.

Останати вести од Радио Милева