Радио Милева од обожавател до напаст

Психопат ја следи и малтретира бугарската пејачка Емануела (ВИДЕО)

Психопат ја следи и малтретира бугарската пејачка Емануела (ВИДЕО)

Да си уубав и славен понекогаш има негативна страна. Таков е случајот со бугарската пејачка Емануела, која се нашла во небрано од таен обожавател кој врши психички тортури и малтретирања врз неа, пишува “Шоу”.

Музичката ѕвезда на “Паинер” од пред некое време добива постојано пораки на социјалните мрежи, кои се својствени за еден вистински психопат. Мистериозниот господин првично не го откривал идентитетот и пишувал од лажни профили. Штом пејачката го блокирала, тој одлучил да и се открие.

На едно од нејзините настапи во бугарската престолнина, тој ја чекал на задниот влез на клубот со огромен букет во рака. Потоа и открил дека лично тој стои зад многуте пораки и коментари на Фејсбук. Почнал со објаснување колку е вљубен во неа, а Емануела едвај успеала да влезе во својот автомобил.

Сигурно тоа не е и првпат да сретне заљубен фан во неа, но досега никогаш не и ‘се случило да налета на толку опседнат тип. Тој присуствувал на секоеј нејзин настап и ја следеел не одвојувајќи го погледот од неа. Тој секогаш доаѓал сам и изгледал многу лут кога ќе видел дека некој друг човек разговара со неа. И тогаш и се нафрллил на пејаќката со пораки преку Фејсбук.

Пејачката направила се’ за да го откачи напастливиот додворувач, бидејќи во секој негов ново напис се соочувала со работи што се надвор од здравиот разум, велејќи дека вселената му говори што треба да следно да направи“.

Извор: Новини.бг

To top