Како што обично се случува – локалните медиуми откопаа се што може за животот на 32-годишниот фудбалер, Бугаринот Валериј Божинов, некогашната фудбалска ѕвезда на неколку големи европски тимови, до неодамна и на белградски Партизан, а сега ново засиливање на НК Ријека.
Сепак, најинтересен им е фактот дека тој бил во брак со бугарскиот фото модел и манекенка, Николета Лозанова, најголемата Инстаграм ѕвезда од Бугарија која што ја следат 575.000 фанови.
Оваа атрактивна бринета својата популарност ја должи на провокативните фотографии каде што често ги покажува нејзините бујни облини и атрибути, иако тие најверојатно се дело на естетската хирургија, ама сепак и рајски изданија за машката публика.
Лозанова беше во брак со Божинов од 2011 до 2015 година, а заедно имаат ќеркичката Никол.
Поранешната “Плејбој” зајачица, наводно, го изневерувала фудбалерот…
…што ја направило нивната брачна врска турбулентна и нестабилна, за на крајот тие да се разделат.