Водителот Огњен Амиџиќ по разводот со манекенката Данијела Димитровска ја освои 20 години помладата колешка Мина Наумовиќ. Двајцата го криеја фактот дека се во врска од август минатата година, два месеци откако водителот се разведе.
Огњен ја потврди врската со Мина, додека таа до сега не се огласила. Меѓутоа, во „Амиџи шоу“ сите внимаваа на нивната врска и вешто ги криеја емоциите. Но овој пат, среде емисија Мина се огласи на својот Инстаграм каде објави фотографија од студиото на Огњен. Наумовиќ објави селфи, на кое напиша „Љубов“, стави срце и го означи профилот на шоуто Амиџи.
Мина која е многу активна на Инстаграм, подоцна меѓу нејзините објави сподели и фотографија токму од станот на Огњен.
Имено, Огњен решил малку да го реновира станот, па купил огромен телевизор, а за се му помогнала новата девојка.
Таа го фотографирала картонот од пакувањето на огромниот ТВ приемник, а во описот на фотографијата напиша:
„Не купувајте телевизор поголем од ѕидот бидејќи не може да го се собере на ѕид“.
Да потсетиме, Огњен и Мина ги запознале заеднички пријатели, а по неговиот развод почнале поинтензивно да се дружат. Многу брзо сфатиле дека меѓу нив има искри, па влегле во врска, а малку подоцна тој и понудил работа во своето шоу, што таа со ентузијазам ја прифатила бидејќи во тој период никаде не работела.
Фото: Инстаграм принтскрин/callmenaumi