Радио Милева

„Прво сакам да зборувам за моето мало девојче“: Емотивниот говор на Ванеса Брајант на комеморацијата го расплака светот

„Прво сакам да зборувам за моето мало девојче“: Емотивниот говор на Ванеса Брајант на комеморацијата го расплака светот

Во Лос Анџелес, синоќа (24.02.2020) се одржа комеморацијата по повод смртта на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана кои починаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари.

За датумот на комеморацијата е одбран симболичен датум 24.02.2020 во согласност со броевите кои ги носеа Брајант и Џиџи – „24“ и „2“.

Комеморацијата која е наречена „Славење на животот“ доцнеше еден час, а потоа на сцената се појави Бијонсе.

„Овде сум бидејќи го сакам Коби“ изјави таа и отпеја две песни.

По нејзината интерпретација беа пуштени снимки од кариерата на Коби, а кадровите беа проследени со песните од „Memories“ , како и со цитати од големите ѕвезди на НБА лигата.

Сопругата на Коби и мајката на Џиана плачеше во текот на целата комеморација.

„Ќе зборувам за двајцата, но прво за моето девојче. Беше татина миленичка, но ме сакаше. Секое утре и секоја вечер ме бакнуваше. Беше одлична спортистка. Во училишите на момчињата им покажуваше кошарка. Беше многу драга и слатка, секогаш се грижеше семејството да биде заедно и да сме добри. Секогаш ни посакуваше се најдобро“ изјави Ванеса низ солзи.

фото: профимедиа

„Не го гледав како популарен кошаркар, него како сопруг, најдобар пријател. Ако од првата минута ме немаше на моето место на неговите натпревари секогаш се грижеше каде сум. Сакаше да ја тренира Џиџи. За жал, нејзините сестри нема да ја имаат таа прилика, за жал“ вели сопругата на кошаркарот и продолжува:

„Јас и Коби секогаш зборувавме како ќе бидеме “кул“ баба и дедо. Тој сигурно ќе беше супер дедо. А сега нема да може своите ќерки да ги води до олтар“.

Алиша Киз седна зад клавирот, а во салата одекнуваше: „Коби, Коби“…

фото: Профимедиа

Во „Стејплс Центар“ беа донесени 35 000 црвени ружи кои беа поствени на центарот на теренот. Сите пари од влезниците ќе бидат донирани за спортската фондација „ Mamba & Mambasita”.

To top