Радио Милева доби одобрение

Прво огласување на Ѓорѓе Давид по враќањето во Србија: „Вистина е дека се вратив“ (фото) 

Прво огласување на Ѓорѓе Давид по враќањето во Србија: „Вистина е дека се вратив“ (фото) 

Српската музичка ѕвезда Ѓорѓе Давид официјално ја напушти Македонија, откако доби одобрение од судските институции. По напуштање на земјава, Давид закажа конференција за печат за српските медиуми во текот на утрешниот ден.

Популарниот рокер пред повеќе од една недела учествуваше сообраќајна несреќа во Македонија кога со својот автомобил удри во жена која се движела по автопат, која потоа почина.

Во оваа прилика телеграф.рс го контактираше Ѓорѓе, кој потврди дека пристигнал во Белград.

– Вистина е дека се вратив. Но, не би рекол ништо повеќе, утре е конференцијата – рече тој.

Српски Блиц дознава дека Давид дома се сретнал со својот адвокат, по што го напуштил станот, го фрлил ѓубрето, а потоа со такси се упатил кон градот, од каде може да се заклучи дека рокерот повеќе не вози автомобил по сообраќајната несреќа.

Фото: printskrin/instagram/djordje_david

To top