Сузана Гавазова максимално го користи летото и летните погодности за уживање и радости. Кога нема ангажмани и не е на „тезга“, Сузана најчесто е на плажа. Или кај јужниот сосед на Белото море или во Црна Гора, на некогашното „наше море“ – Јадранот.
А кога Гавазова е на море, она што ќе го сподели како видео или фотографија, несомнено предизвикува инсомнија и тахикардија. Особено кај нејзините машки обожаватели, Инстаграм следбеници, но и кај сите останати „вистински мажи“, а во последно време и кај поедини дами со „модерни сфаќања“.
Овој пат атрактивната фолкерка сподели мини видео-микс од нејзините летни активности, меѓу кои двет-три нешта на видеосписокот, на нејзините обожаватели им го качија притисокот.
Најпрвин во ултра мини бикини и папучи со високо потпетици, седната на детска лулашка струмичката убавица се лулаше во ритам од кој ќе ве фати вртоглавица.
Што од лулашката, што од телесниот раскош на пејачката.
По лулањето Гавазова во сличен, но различен костим за капење, исто така танга бикини, но овој пат во војнички маскирни бои, тргна чекорите да ги брои од нејзиниот манекенски од, таканаречениот „cat walk“ по дрвената платформа крај базенот…
Призор за „влажни погледи и падната вилица“, со кој расната убавица гарант Ви го разубаве денот.
За крај на нејзината морска, секси видео-бикини пасторала, Гавазова одбрала уште една прошетка со манекенски чекори, со нова промена во старото бикини, во кое одново ги истакнува нејзините телесни убавини.
Расната струмичка убавица, шетајќи како мачка во секси костимот за капење со својот манекенски „cat walk“ како да е на модна ревија, комплетно ќе ја разбранува машката фантазија.
Зашто додека таа чекори, здивот запира, срцето забрзано чука, а телото трепери.
Погледнете го сиот телесен раскош и сите убавини на нејзините бујни облини кои покрај пеењето се најсилната страна на Сузана, која и овој пат предизвика, нова летна возбуда!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova