Викендов, поточно на 5, 6 и на 7 април, ќе се одржи првото издание на фестивалот „Андерфест“ (Underfest), чија примарна цел е афирмирање на помалку познатите уметници, фестивал кој ги вреднува автентичноста и креативноста, и го отвара јавниот простор за младите и неетаблирани музичари и со тоа придонесува за нивна промоција.
„Илузија“, „Визија“, „Кепурдат“, „Риплеј“, „Фуснота“, „Саунд-еџ“, „Минстрелс галери“ се само дел од бендовите што ќе ја претстават својата авторска музика на првиот „Андерфест“, а тука се и младите ѕвезди како Мина Блажев, Марија Спасовска, Јована Здравевска, Сара Гигова и многу други. Тридневната манифестација ќе се одвива во „Јавна соба“, а влезот е бесплатен за сите посетители.