Радио Милева

Прво интервју на Алек Болдвин по несреќата кога ја уби директорката на фотографија: „Јас не пукав во неа“

Прво интервју на Алек Болдвин по несреќата кога ја уби директорката на фотографија: „Јас не пукав во неа“

По два месеци од несреќата која се случи на снимањето на филмот „Rust“ кога актерот Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс, тој сега се огласи и проговори на оваа болна тема.

Тој веднаш даде изјава во полиција, а папараците го фотографирале како плаче пред канцеларијата на шерифот. Тогаш тој се огласи на Твитер.

-Немам зборови да го опишам мојот шок и тага поради трагичната несреќа која го однесе животот на Халин Хачинс, мајка, сопруга и нашата важна колешка. Потполно соработувам со полицијата во истрагата да се утврди како дојде до оваа несреќа, напиша Болдвин.

Актерот сега го даде првото интервју и тоа за ABC. Тоа ќе биде објавено денес, но самата најава е изненадувачка.

Имено, на прашањето зошто воопшто го вперил пишотолот во директорката на фотографија и пукал, тој вели:

-Чкрпалото не беше повлечено. Јас не го повлеков чкрпалото. Никогаш не би го вперил пиштолот во некој, никогаш, вели актерот.

Тој вели дека не знае како метак се нашол во пиштолот.

-Некој ставил вистински метак, а метакот воопшто не требаше да има тој имот, вели актерот.

Тој цело време се воздржувал да не заплаче.

фото: профимедиа

To top