Пејачката Ана Севиќ важи за дама со стил и не штеди кога е модата во прашање.
Таа сега на Инстаграм објави нови кралски сини сандали, од еден од најлуксузните брендови во светот. Инаку, овие модели се вистински хит ова лето, а Ана ги следи трендовите.
– Боже, колку се грди… Дали е реално некој да го купи ова? Ужас … Светот отиде во пеколот – рекла Ана со фотографијата, а потоа додала:
– Неколку дена подоцна …
На крајот, пејачката не одолеа на овој пар ПВЦ обувки, а она што на многумина им падна во очи е цената на овие навидум обични гумени сандали. Ана за нив издвои 600 евра, а коментарот на мнозинството беше дека вакви можела да најде и на пазар.
Фото: Инстаграм принтскрин/anasevicofficial