Светлана Цеца Ражнатовиќ имаше настап во една позната кафеана во Сомбор, а најдобриот НБА кошаркар, Србинот Никола Јокиќ дојде со сопругата Наталија и пријателите да уживаат и одлично да се проведат.
Јокиќ беше еден од најрасположените на настапот на Цеци, па дури и се качи на столчето и постојано танцуваше.
Неговата сопруга Наталија ги отпеа сите песни, а Никола особено го погоди хитот „Неваљала“.
Во еден момент Цеца ја запре песната и лично му се обрати на Јокиќ, поздравувајќи го пред полниот локал.
„Господине Јокиќ, честитки за освојувањето на НБА прстенот. Наша гордост сте, српска гордост. Освојте уште десет и доста е“ – му порача Цеца од бината.
Инаку, многу луѓе во текот на ноќта му приоѓаа на Никола сакајќи да се сретнат или да се поздрават со него, па тој често се ракуваше со гостите во кафаната и разменуваше по некој збор со нив.
Сепак изненадувањето беше најголемо кога на сцената се качи нејзиниот внук Жељко.
И додека пееше баба Цеца во прв момент не го забележа, па малечкиот мораше да ја потапка по ногата за да и го даде букетот црвени рози, по што пејачката ја прекина песната, клекна, го гушна и го бакна своето најсакано внуче.
А потоа и на микрофонот раскажа кој е и што е малиот сладок русокос.
Фото и видео: Инстаграм/cecaraznatovic