Мегафон

Првиот концерт од проектот: „40 години Дарио и Миг 21“ е официјално распродаден, ќе има и втор

Првиот концерт од проектот: „40 години Дарио и Миг 21“ е официјално распродаден, ќе има и втор

Првиот концерт од проектот 40 години Дарио и Миг 21 е официјално распродаден!

Поради големиот интерес кој се’ уште трае, закажан е и втор концерт кој ќе се одржи во Македонската Филхармонија на 18-ти февруари.

Концертите се по повод 40 години од кариерата на Дарио, а во склоп на проектите со кои Авалон Продукција слави 30 години постоење.

Во Македонската Филхармонија, македонската публика ќе има можност во блиска средба со македонската поп легенда да ужива во многуте безвременски хитови, изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии.

Иако интересот за проектот 40 години : Дарио и Миг 21 станува се’ поголем и поголем, поради недостаток на слободни термини во Македонската Филхармонија, вториот концерт ќе биде воедно и последен.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (8-ми февруари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа.