Радио Милева
покренаа секси револуција

Први се разголија: Овие пејачки први имаа храброст да се соблечат во своите видеоспотови (ФОТО)

Први се разголија: Овие пејачки први имаа храброст да се соблечат во своите видеоспотови (ФОТО)

Денес разголувањето на фотографии и видеоспотови на естрадните личности е вообичаен дел од нивната професија. Естрадниот шоу бизнис отиде дотаму што некои од нив како Северина, Дара Бубамара, Сузана Манчиќ…. случајно или намерно, дури и ги обзанија своите клипчиња со „валкани игри за возрасни“ само за да си ја зголемат популарноста… И види чудо, од тој момент од полупознати локални пејачки, преку ноќ станаа регионални ѕвезди.

Но знаете ли кои се првите од естрадата што собраа храброст да го разголат своето тело во видеоспот за потребите на својата естрадна кариера.

Меѓу првите и со разглоени фотографии во списанијата и со срамежлива голотија во видеата, во почетокот на деведесеттите, секс револуцијата ја покрена тогаш ултрапопуларната Весна Змијанац, раздвижувајќи ја тогаш се’ уште помалку конзрвативната средина.

Имиџот на контроверзна го оправда и нејзината ќерка Николија, 20 години подоцна со сцените во својето дебитантско видео кое изобилува со „младо естрадно месо“.

Претходно, во 1989 видеоспотот за песната на Лепа Брена насловена „Робинка“ беше прво збрануван за емитување на ТВ, а кај нас интернет и Јутјуб тогаш уште немаше, за една година подоцна „моралните синџири“ да пукнат и истиот да биде награден како најдобар.

Сексапилната пејачка на електро-поп дуото „Денис и Денис“, атрактивната Марина Перазиќ беше една од првите во поп музиката која го покажа своето разголено тело под тушот во едно од видеата на тогаш ултрапопуларното дуо. Нивните спотови како и нивните хитови, беа во чекор со тогашните светски трендови, во кои еротиката се повеќе почна да доминира, а Марина стана југословенски секс симбол.

Меѓу видеата каде што се наѕираат голи гради е и она на српската пејачка Ана Николиќ на кое таа иако ги крие со рацете, разголените љубовни сцени од плажата ја направија естрадна секси сирена.

Решена да го привлече вниманието на себе, пејачката Миа Борисављевиќ во 2008 година отиде чекор понатаму. Ја шокираше јавноста откако се соблече сосема гола во своето прво видео „Како да не“ и предизвика бура од реакции… кои ја постигнаа целта!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева