Радио Милева

Први фотографии од заразениот Роналдо: Асот со насмевка, ама… „кисела“ (ФОТО)

Први фотографии од заразениот Роналдо: Асот со насмевка, ама… „кисела“ (ФОТО)

Фудбалскиот сојуз на Португалија во вторникот ја објави веста дека најдобриот играч, Кристијано Роналдо е позитивен на корона.

Откако дозна дека има Ковид-19, Роналдо се изолираше во хотелската соба сместена во тренинг кампот на португалската репрезентација.

Асот на Јувентус се чувствува добро, тој нема никакви симптоми и врз основа на фотографиите што се појавија може да се каже дека е прилично добро расположен. Иако заразен со коронавирусот, Роналдо, на изненадување на многумина, не ја извади насмевка од лицето, колку таа и да беше… „кисела“.

Додека неговите соиграчи тренираа на теренот пред хотелот, насмеаниот Роналдо седеше на терасата и гледаше.

Поради позитивниот тест, Роналдо ќе го пропушти дуелот против Шведска во Лигата на нациите и следните три натпревари на Јувентус.

Другите португалски играчи биле негативни на тестирањето.

Фото: Профимедиа

Останати вести од Радио Милева