Радио Милева еве кој го промени презимето

Први фотографии од венчавката на синот на Дејвид и Викторија Бекам: Морал да потпише предбрачен договор, а едно нешто забраниле…

Први фотографии од венчавката на синот на Дејвид и Викторија Бекам: Морал да потпише предбрачен договор, а едно нешто забраниле…

Најстариот син на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, Бруклин, ѝ го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Никола Пелс на луксузниот имот на неговиот татко вреден 103 милиони долари во Палм Бич на Флорида.

Странските медиуми наведуваат дека Бруклин го зел презимето од својата сопруга кое од сега ќе го користи како свое средно име, како и дека младенците потпишале предбрачен договор.

Бруклин и Никола потпишале предбрачен договор вреден 3 милиони долари, но не само за да се заштити богатството на славниот фудбалер. Богатството на родителите на Бруклин се проценува на 380 милиони фунти, но богатството на семејството Пелс се проценува на четири пати поголема цифра.

Невестата заблескала во белата венчаница која ја потпишува модната куќа „Валентино“, додека пак Бруклин бил класично облечен – во црно одело.

Тие ги испочитувале сите традиционални еврејски обичаи во чест на нејзиното потекло. На венчавката присуствувале бројни познати лица меѓу кои и Ева Лонгорија, Гордон Ремзи, Серена и Венус Вилијамс….

Свеченоста била затворена за медиумите, а како што се наведува на луѓето им било забрането на социјалните мрежи да објавуваат фотографии од венчавката.

Меѓутоа, иако официјалните фотографии сè уште не се објавени, папарацо фотографите се потрудиле да „уловат“ некои моменти од венчавката.

Која е снаата на Бекам?

Никола има 27 години, поранешна манекенка е и потекнува од богато семејство. Нејзиниот татко Нелсон Пелс е американски финансиер чие богатство според „Форбс“ се проценува на 1,7 милијарди долари.

Нелсон постепено ја развивал својата кариера. Прво работел како возач за достава за семејната фирма која се занимавала со дистрибуција на храна, а потоа основал фирма за замрзната храна. Вложувал и во многу други компании.

фото: www.dailymail.co.uk

To top