Актерката Филисити Хафман, која е позната по нејзината улога во серијата „Очајни домаќинки“ од вторник се наоѓа во затвор Калифорнија каде што ја издржува казната поради давање мито на факултет.
Во изминатиот викенд, актерката ја посетиле нејзиниот сопруг, колегата и Вилијам Мејс и нејзината ќерка.
Филисити првпат е фотографирана во затворското одело односно зелен комбинезон и со качкет на главата.
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ на фотографиите не изгледа нервозно, а во затворо има се што и е потребно, односно обезбедена е со козметика, теретана, а може и да гледа филмови. Затворот е како луксузен хотел кој е наречен “Замок Даблин”.
На Филисити и остануваат уште неколку денови во затвор.
За потсетување, актерката на средината на септември беше осудена поради аферата за запишување на факултет, односно поради давање на мито за да резултатите од тестовите одат во корист на нејзината ќерка. Филисити освен што ќе служи казна затвор од 14 дена, треба и да плати 30 000 долари.
Исто така, Фелисити добила една година надзор по излегувањето од затвор, плус 250 часа социјално-корисна работа.