Меган Маркл е фотографирана првпат по кризниот состанок кој се одржа во понеделник во Велика Британија откако Меган и Хари донесоа одлука да се повлечат од кралските должности.
Папараците ја фотографирале Меган Маркл кога се качуваа во авион, додека си заминувала од посетата на еден женски добротоворен центар во Канада. Таа постојано имала широка насмевка на лицето.
Меган била облечена во црни панталони, бел џемпер и чизми.
„Погледнете со кого денес пиевме чај. Војвотката од Сасекс, Меган Маркл не посети денес за да разговараме за проблемите кои се однесуваат на жените во заедницата“ стои во описот на фотографијата.
Како што пренесуваат медиумите, телохранител ја испратил Меган до авионот.
„Не мораше да седи и да чека со останатите патници внатре во терминалот“, рекол извор од аеродромот за британскиот „The Sun“.
Како што се наведува, и прицот Хари наскоро ќе стигне во Канада.