Српскиот „Телеграф“ дојде до први фотографии и видеа од болницата каде што е сместен пејачот Дарко Лазиќ по тешката сообраќајна несреќа.
Докторите на Дарко го разбудија од вештачка кома и неговото здравје е подобро.
„Дарко е добро и комуницира со сите околу себе, мислам на медициниските сестри и докторите. Слушнав кога сестрата го праша дали може да ја мрдне раката, тој одговори: „Можам“. На сите прашања одговара, но докторите не дозволуваат преголема комуникација за да не оптеретува“ , вели извор за „Телеграф“.
За потсетување, Дарко по тешката сообраќајна несреќа е примен во болница во Земун и шест дена беше во вештачка кома.
foto: telegraf