Радио Милева
во природа или студио, на сцена, во постела...

Први фотографии на познатите Македонци и Македонки ден потоа, во Новата 2024-та: „Цепај сине“! (ФОТО)

Први фотографии на познатите Македонци и Македонки ден потоа, во Новата 2024-та: „Цепај сине“! (ФОТО)

Старата 2023-та  ја испративме, Новата 2024-та ја дочекавме…  Кој како, каде, со кого и колку може, но сите  горе-долу достоинствено! Познатите лица од естрадата најчесто работно, на сцената на градските плоштади, по хотелите, кафеаните, кафулињата, ноќните клубови, дискотеките… Новогодишната тезга е „најслатка“, а Бога ми и онаа за „патерица“, па и останатите денови до Божиќ не се за фрлање.

Но, занете ли што правеа познатите Македонци и Македонки ден потоа, по најлудата ноќ? Не сите – секако, но еве дел од нив и нивните први објавени фотографии во 2024-та.

Најшетаната велешанка, екс-пејачката и морепловка Ноне Неделковска Новата 2024-та ја дочека далеку од дома, на својот крузер на кој работи, на едно сосема необично и егзотично место. Даре Салам, Танзанија. Од таму стигаат и првите нејзини фотографии во 2024-та, нејзината новогодишна порака , ама и нејзините желби.

„Не мразете никого, без разлика колку ви згрешиле. Живејте понизно, без разлика колку ќе станете богат. Размислете позитивно, без разлика колку е тежок животот. Дајте многу, дури и ако ви е дадено малку. Простете на сите, особено на себе и никогаш не престанувајте да се молите за најдоброто за сите!“ – споделила „малечката сирена“, за ден потоа, во реприза на новогодишната бродска журка да ги сподели и своите новогодишни желби:

„Да се вљуби, уште повеќе да патува, да ги прифати нештата од кои се плаши, да продолжи со потерата по своите соништа“.

Тамара Тодевска откако ја испрати својата новогодишна порака и денот по Нова Година или поточно првата вечер и за „патерица“ и беше работна.

Во еден мал елитен хотел во ски центарот Маврово, Тамара им приреди  забава за паметење и на присутните и  себе си. Оттаму дојдоа и првите фотографии во новата 2024-та од неа и од нејзините другарки, меѓу кои некои и исто така познати македонски лица како Катерина Ивановска, кои „до балчак“ се забавуваа на концерттната журка на нивната другарка.

До душа првта фотка беше проследена со дремка во автомобилот по патот кон вечерната цел, на која  Тамара соништата ги претвори во незаборавна стварност.

На 1-ви јануари на слична надморска височина работеа и некои други од естрадата, како ДНК на пример. Локацијата исто така снежна, ама различна – Попова Шапка. Само што за Андреј и особено за Панчо немаше простор за дремка.

Дали за загревање, или од чисто суеверие за во 2024-тата „да му падне секирата во мед“, Панчо уште првиот ден во годината се фати токму за неа и тргна да цепи дрва. Можеби не баш највешто, ама сепак вредно и посветено по принципот: „Цепај сине“!

И додека некои го прогласија „трупец за цепење“ сите кои беа подоцна на дневната журка на ДНК на Попова Шапка уште еднаш потврдија дека Панчо заедно со со Андреј и бендот се цареви за забава! Затоа  во 2024-та  Панчо нема потреба повеќе „да се секира“!

Освен на естрадните ѕвезди, првите фотографии има се работни уште на некои од познатите лица, како ТВ водител(к)ите на пример, меѓу кои и Милена Антовска Станковска.

Првиот работен ден за неа во новата 2024-та и први пози од студиото на Канал 5 од каде оди нивната утринска програма.

А како што е познато ниту утрото, ниту програмата не почнуваат без првото утринско кафе, по што слободно може да се каже дека и денот и програмата не само по утрото, туку и по кафето се познава. Особено кога е во прашање Милена!

Сите од познатите ниту за најлудата ноќ, ниту ден потоа не работеа… Некои едноставно одмораа и се излежуваа уживајќи во домашната атмосфера и опкружување, како најпознатата македонска трендсетерка и екс ТВ водителка, Мелита Ракичевиќ, на пример.

Расната убавица првите фотографии во новата 2024-та ги сподели покрај елката, нудејќи го уште еднаш на дар сиот свој телесен раскош… Како „празник за очи“ за празниците, дар на кој најмногу ќе му се радуваат „влажните машки погледи“.

Особено во позите во кои Мели лежи покрај елката или проверува дали истата е добро накитена.

Зашто мора да признаете дека нејзината елка, кога таа е покрај неа,  ги има најубавите, најголемите, напривлечните и најпосакувани… „лампиони“!

@melita_mel7♬ Happy New Year – Starlite Ensemble

Ама сите познати лица од естрата и јавниот живот баш и не лежеа во првиот ден од годината, туку 1-ви јануари во 2024-та го искористија за прошетка во природа. Така на ТВ водителката Ирена Спировска, инаку позната како проверена планинарка, Водно и беше најблиску, а осовојувањето на врвот прв предизвик во првиот ден од новата година.

А таму доволно народ кој сака живописна природа, поглед од височина на македонската престолннина, чист воздух, топол чај  и добра журка…

ДЈ-от е тука да ја покрене атмосферата, а Ирена со својата пријателка присутна на првата постновогодишна дневна планинарска журка од каде направи сефте фотографии во првиот јануарски ден!

На колегата водител Ване Марковски Водно му се виде далеку или едноставно го мрзеше да се качува, па реши  првото постновогодишно утро во природа да го помине во Градскиот парк.

Клупата на еден мал летниковец згодно место за оддишка, ама и за прва јануарска фотографија во Новата година. Не е селфи со објективот на камерата в лице, ама  затоа е сефте селфи на нешто друго… На првото јануарско кафе, секако!

И конечно на некои од познатите Македонци на први јануари не им беше ни до селфи, ни до социјални мрежи, како на Јутјуб подкастерот Стефан Лазаров, на пример. Последното селфи го сподели во последниот ден од старата 2023-та, заедно со неговата убава сопруга Марта, па во првиот ден од новата година решил да одмори од фото и видео објективи.

Од видеа, фотографии и сликање изгледа му дошло преку глава, па затоа споделил само една куса порака… Колку за некој да не помисли дека Лазаров во 2024 дефинитивно се одјави… А всушност јутјуберот не сака да блефира, туку едноставно само на неколку дена решил да паузира!

Фото: Инстаграм/Фејсбук/ТикТок

Останати вести од Радио Милева